Одложен стартот на ракометната Супер-лига!

Првото Ракометната Супер-лига што требаше официјално да стартува денеска е одложено за недела. Откако Владата прогласи тридневна жалост поради страшната трагедија во Тетово, Ракометната Федерација на Македонија реши да ги одложи натпреварите кои требаше да се играат во текот на денешниот ден.

По најновиот развој на настаните, сезоната ќе стартува в недела со средбите што требаше да се играат денеска, додека натпреварите од второто коло кои беа закажани за недела ќе се играат во среда.

„Ова не е време за спорт и ракомет, токму поради тоа по одлуката за тридневна жалост по трагедијата во Тетово решивме да го одложиме првото коло. Овие средби ќе се играат в недела, а второто коло ќе биде презакажано за среда“, потврдија за ЕКИПА од Ракометната Федерација на Македонија.

Се вчитува...