Одложени натпреварите на Шкупи и на Шкендија во 1. коло во ПМФЛ!

Стартот на Првата македонска фудбалска лига ќе биде некомплетен, откако се одложени натпреварите на Шкупи и на Шкендија, кои во четврток ќе имаат гостување во Стокхолм, односно во Даблин.

Шкендија требаше да игра против Скопје, но наместо викендов, ќе ги одигра на 17. август, додека Шкупи својот меч против Тиквеш на гости ќе го игра на 7. септември.

Во сабота првенството почнува со натпреварот Струга ТЛ – Победа. Во недела ќе се играат мечевите Силекс – Работнички и Академија Пандев – Брегалница. Сите дуели стартуваат во 17:30 часот.

Македонија ЃП е слободна поради откажувањето на Ренова од настапите во ПМФЛ.

Се вчитува...