Одложени ракометните квалификации за ЛОИ во Токио

Светската ракометна федерација (ИХФ) донесе одлука за одложување на квалификациите за пласман на ЛОИ во Токио во машка (април месец) и женска (март месец) за јуни месец годинава. Новиот термин на турнирите ќе биде во согласност со проценетата ситуација во врска со коронавирусот.

„ИХФ сакаше да ги одржи натпреварувањата во предвидените термини, но здравјето и сигурноста на ракометарите мора да ни бидат на прво место“, стои во соопштението од ИХФ. 

Се вчитува...