Одложени сите натпревари во кошаркарската Серија А

Покрај во фудбалското првенство во Италија почнуваат да се компликуваат и натпреварувањата во останатите екипни спортови поради епидемијата од коронавирусот.

Откако италијанската влада одлучи да го „забрани“, односно да го сведе на минимум движењето во 14 провинции, Лига Баскет одлучи да ги одложи сите денешни натпревари.

Организаторите на кошаркарската Серија А во договор со Кошаркарската федерација на Италија одлучи натпреварите Варезе-Милано, Болоња-Реџиана, Песаро-Тревизо, Канту-Кремона, Бреша-Фортитудо и Венеција Бриндиси да бидат одложени на неодредено време.

По последните информации во Италија од коронавирус е заразено повеќе од 5.000 луѓе, а досега починале вкупно 233 лица.

Се вчитува...