Одложени сите натпревари во Серија А поради смртта на папата Франциск

Денешните натпревари во 33. коло од Серија А се одложени поради смртта на папата Франциск, кој почина на 88-годишна возраст утрово на првиот ден по Велигден.

Денеска беа предвидени да се одиграат средбите помеѓу Торино и Удинезе, Каљари и Фиорентина, Џенова и Лацио, односно Парма и Јувентус.

„По смртта на папата Франциск, Националната лига на професионаци Серија А објавува дека натпреварите кои беа закажани за денес од Серија А и шампионатот Примавера се одложени“, стои во соопштението на фудбалското првенство.

Датумите за нивно одигрување дополнително ќе бидат утврдени.

Се вчитува...