Одложени сите средби од младинските лиги во кошарка

Натпреварите од сениорските натпреварувања во кошарка ќе продолжат да се играат без присуство на навивачи, додека сите младински лиги се стопираат во следните 14 дена. Ова е најновата одлука на раководството на КФСМ објавена на официјалната веб-страница на куќата на кошарката.

„Со оглед на новите мерки наметнати од страна на Владата на РСМ, во однос на спречување на ширење на вирусот COVID-19, раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија ја информира јавноста дека донесе одлука:

За одложување на сите официјални натпревари во младинските лиги, во период од четиринаесет (14) дена. Вклучувајќи ги натпреварите во М-18, М-16, М-15, М-14, М-13, и М-12 лигите во машка, односно М-18, М-16 и М-14 во женска младинска конкуренција.

Воедно, ве потсетуваме дека натпреварите во сениорска машка (Прва лига, Втора лига-Исток и Втора лига-Запад) и во женска конкуренција (Прва лига), во наредниот период и понатаму ќе се играат без присуство на гледачи“, се вели во соопштението на КФСМ.

Се вчитува...