„Одлуката на ЦАС носи крај на правилото за финансиски фер-плеј“

Судот за спортска арбитража ја прифати жалбата на Манчестер Сити и досуди во негова полза, што значи дека премиерлигашот нема да добие суспензија од две години во Лигата на шампионите, одлука која ја донесе УЕФА. УЕФА на Сити му изрече казна од две години суспензија во европските натпреварувања и 30 милиони евра. По одлуката на ЦАС казната е само 10 милиони евра. Луѓето кои на било каков начин се поврзани со фудбалот ја коментираат одлуката на ЦАС како голем удар врз УЕФА и нејзиниот финансиски фер-плеј, што доведува до негов крај.

„Најголем резултат за Сити сезонава. Одлуката на ЦАС го доведува во прашање кредибилитетот на УЕФА околу правилото за финансиски фер-плеј“, изјави уредникот на спортската редакција на Би-Би-Си, Ден Роун. 

„Многу е тешко да се види начинот на кој правилото за фер-плеј после одлуката од Лозана може да остане на сила“, изјави Гери Линекер. 

Сепак, од УЕФА сметаат дека правилото за финансиски фер-плеј досега покажало дека ги штити малите клубови во Европа и поради тоа не планираат како организација да се откажат од него и покрај одлуката на Судот во Лозана.

Се вчитува...