Баерн Минхен веќе го осигура првото место во групата од Лигата на Шампионите, па тренерот Ханси Флик може да си дозволи да одмори дел од клучните фудбалери за гостувањето против Атлетико Мадрид.
Стратегот на европскиот првак реши за Мадрид воопшто да не патуваат голманот Нојер, првиот стрелец Роберт Левандовски, како и стандардниот играч за врска, Леон Горецка. Станува збор за играчи со голем број натпревари од стартот на сезонава, поради што Флик донесе одлука тие да не патуваат за Шпанија. Покрај овие тројца фудбалери, за Баерн нема да може да настапи ниту Корентин Толисо, кој се повреди на последниот дуел со Штутгарт.
Баварскиот гигант в сабота го очекува дерби-дуел со Лајпциг, па јасна е желбата на Флик клучните фудбалери одморени да го дочекаат овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА