Одмор за првотимците…, пред заминувањето за Грузија тренинг само за оние кои не играа со Ерменија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот селектор Игор Ангеловски денеска одработи тренинг со репрезентативците кои не добија шанса на вчерашниот натпревар против Ерменија на стартот од Ц лигата во Лигата на нации. За сите кои беа дел од победата против Ерменците денеска претпладневен одмор и рекуперација.

Единствено Александар Трајковски, од фудбалерите кои имаа минутажа на мечот со Ерменија, се приклучи на денешниот тренинг пред заминувањето за Грузија.

Македонската репрезентација утре во утринските часови, со чартер лет од скопскиот аеродром, заминува за Тбилиси каде во вторник (8. септември) од 18 часот го игра вториот натпревар во во Лигата на нации.

 

Се вчитува...