Одреден распоредот за новата сезона во Евролигата – Шампионот стартува со гостување кај Реал Мадрид

Кошаркарската Евролига го објави распоредот за регуларниот дел од сезоната 2021/2022. Новата сезона ќе стартува на 30. јуни, а лигашкиот дел ќе трае до 8. април. Годинава ќе има дури седум недели во кои Евролигашите ќе одиграат по два меча.

Првото коло ќе го отвори мегапресметката меѓу актуелниот шампион Анадолу Ефес и Реал Мадрид. Покрај овој дуел во првата рунда ќе играат и Барселона – Алба, Макаби – Баерн, Армани – ЦСКА Москва, Уникс – Зенит, Фенербахче – Црвена Звезда, АСВЕЛ – Жалгирис и Олимпијакос – Басконија.

 

Се вчитува...