Одредени групите за женското ракометно европско првенство

Со денешната ждрепка беа одредени домаќините за женското ракометно Европско првенство 2020 година кое ќе се игра во Данска и Норвешка. Поради пандемијата од коронавирусот квалификациите беа прекинати, а на шампионатот заминаа најдобро пласираните репрезентации во групите до тој момент. Противниците на Македонија во квалификацискиот циклус Шведска и Чешка повторно се најдоа во иста група во која дел се и Русија и Шпанија.

Најинтересна се очекува да биде групата Д во која се најдоа Норвешка, Германија, Романија и Полска. Во А сегментот ќе се сретнат Франција, Данска, Црна Гора и Словенија, додека од Ц групата дел се Холандија, Унгарија, Србија и Хрватска.

Шампионатот на програмата е во периодот од 3. до 20. декември годинава.

Се вчитува...