Одриозола ќе биде „крал“ во наредните шест сезони

Европскиот првак Реал Мадрид го доведе првото големо засилување во овој летен преоден рок. Шпанскиот репрезентативец Алваро Одриозола од редовите на Реал Сосиедад се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ за сума од 40 милиони евра. Тој потпиша договор на шест сезони и ќе биде конкуренција на Дани Карвахал, но може да игра и на десната крилна позиција.

Новиот тренер на „кралевите“, Хулен Лопетеги, имаше голема доверба во Одриозола и додека беше на селекторската функција. Тој го вклучи во репрезентацијата на Шпанија.

Сепак, вниманието на светската фудбалска јавност го привлекува најверојатното заминување на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид. Тој е пред потпис на договор со италијанскиот првак Јувентус, а „кралевите“ ќе добијат отштета од 100 милиони евра.

Се вчитува...