Одржан 3х3 баскет-турнир во Кисела Вода

Кошаркарскиот клуб Ангели беше организатор на турнирот во баскет 3х3 што во изминатите три дена се одржуваше во спортската сала „Независна Македонија“ во Скопје, и тоа во три возрасни категории,  младинци, сениори и ветерани.

Во младинска конкуренција учествуваа шест екипи и се одиграа седум натпревари. На финалниот натпревар, силите на теренот ги одмерија младинските екипи на КК „Ангели“ и КК „Вардар“, при што победник беше тимот на Ангели. Во сениорска конкуренција учествуваа 9 екипи од цела држава и се одиграа 12 натпревари. Во финалето се пласираа екипите на „Dust“ и „Terminatori“. На овој натпревар победи екипата на „Dust“. Во ветеранска категорија учествуваа три екипи и се одиграа четири натпревари. Во оваа категорија, во финалето победи екипата на Кисела Вода.

За најдобрите учесници и освојувачи на турнирот, кошаркарскиот клуб „Ангели“ заедно со Општина Кисела Вода додели ваучери во вредност од 50.000,00 ден. и други награди. Овој турнир втора година по ред се одржа на територијата на Општината и полека но сигурно се етаблира како еден од најдобрите 3×3 баскет турнири во нашата држава.

Се вчитува...