Одржан инклузивниот фудбалски турнир на терените на ФФМ

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“,  организираше инклузивен фудбалски турнир со цел заеднички да испратиме порака дека е важен пристапот и вклученоста на лицата со попреченост на спортските терени.

На турнирот освен учениците на Св. Наум Охридски, учествуваа и следните училишта:

-ООУ „Ванчо Прке“ – Штип  – со една машка и една женска екипа;

-ООУ „Марко Цепенков“  – Скопје со една женска екипа;

-ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје со машка екипа;

– ДСУ „Искра“ – Штип со една  машка и една женска екипа;

– ДСУ „ Св. Наум Охридски“ – Скопје со две машки екипи и една женска екипа;

– ОУРЦ „Маца Овчарова“ – Велес со една машка екипа;

Mенаџерот на секторот „Поддршка” во рамките на Фудбалската федерација на Македонија, Горанчо Костовски, заедно со претставникот на училиштето „Св. Наум Охридски“, Станислав Мирчевски го отворија денешниот турнир и им додели симболични награди и признанија на учесниците.

„Почитувани фудбалери и почитувани присутни,особено ми е драго што веќе втора година ФФМ го поддржува  фудбалскиот проект на училиштето Свети Наум Охридски и по втор пат сме покровители на Инклузивниот фудбалски турнир. Со овој проект се покажува дека фудбалот покрај спортскиот и натпреварувачкиот дел, служи и како интегративна алатка која го обогатува животот на нашите фудбалери.Ви посакувам да се гледаме почесто“, изјави Горанчо Костовски.

Се вчитува...