Одржан меѓународниот турнир во забрзан шах „Алкалоид 2023“

Шаховскиот клуб Алкалоид, под покровителство на својот спонзор, компанијата АЛКАЛОИД АД Скопје, ја продолжи догогодишната традиција и викендов го организираше традиционалниот Отворен меѓународен турнир во забрзан шах АЛКАЛОИД 2023.

Почнувајќи од 2012 година, организирани се 7 отворени меѓународни турнири во шах со рапид темпо на игра и 4 во блиц. По пауза од три години (поради пандемијат ана вирусот корона), оваа година е продолжена традицијата, со убедливо најголем интерес меѓу шаховската јавност. На турнирот учествуваа апсолутно рекорден број 227 шахистиод сите возрасти – најмладиот учесник навозраст од 8 години, а најстариот на возраст од 80 години! Шахот ги поврзува и ги обединува луѓето од сите генерации во рамноправна игра, при што магијата е во тоа што исклучиво шаховското знаење и подготвеноста ја одлучуваат секоја поединечна шаховска партија.

Огромниот интерес за учество на овој турнир е само уште една потврда за авторитетот што го има АЛКАЛОИД како спонзор и како шаховскиот клуб не само во нашата држава туку и пошироко, со оглед на тоа дека, покрај најдобрите македонски шахисти, учествуваа и 36 играчи од уште седум држави. Турнирот беше одржан во атмосфера на шаховски празник, со учество на голем број гледачи. На врвот на турнирската табела со по 8 поени од 9 партии се најдоа тројца шахисти, а според дополнителниот турнирски критериум првото место сосема заслужено го освоисрпскиот велемајстор Синиша Дражиќ.

Најуспешни македонски шахисти со по 7 поени од 9 партии (на делба од 6. до 14. место) беа младите Емил Ристески, Михаил Јорданов, Филип Михов и Матеј Звездакоски, како и ветеранот Владимир Тркаљанов.

Најуспешни македонски шахистки беa следните македонски репрезентативки: женскиот фиде-мајстор Моника Стојковска и женскиот интернационален мајстор Габриела Коскоска со по 6 поени од 9 партии.

Најуспешни јуниори и јуниорки (од вкупно 69 учесници до 18 години) –според возрасните категории (до 8, 10, 12, 14, 16 и до 18 години), медали и подароци од организаторот освоија: до 10 години –Илијана Велева и Лука Симоноски, до 12 години – Благоја Миновски и Брнс Елисавета,до 14 години – Ивана Велкоска и Кирил Николовски, до 16 години –Моника Жежовска и Антон Златков, а до 18 години – Инџи Ајрадиновска и Матеј Звездакоски.

Се вчитува...