На локација кај Езеро Козјак во неделата се одржа првото издание на GRIZZLY CUP 2025 спортски настан во организација на Street workout Macedonia и Grizzly Igloos.
Настанот ги собра љубителите на овој спорт и дисциплина како што е калидтеникс и Стрит Воркаут одивејт тренингот од цела земја и регионот каде беа пријавени 30 учесници, кои се натпреваруваа во две официјални дисциплини.
– Bodyweight Sets & Reps
– Weighted Sets & Reps
По повеќечасовно натпреварување на преубавото време и одличната организација беа прогласени и најдобрите.
Категорија Bodyweight Sets & Reps на Grizzly Cup 2025 се :
- Матеј Георгиевски
2. Бојан Тошевски
3.Огнен Николовски

Први три места во Weighted Sets & Reps на Grizzly Cup 2025 се :
1.Бојан Грозданич
2.Иван Миленковски
3.Бојан Тошевски
GRIZZLY CUP не беше само натпревар, туку и прослава на здравиот начин на живот и физичката култура и спортот Организаторите најавија дека ова е само почеток, а Козјак ќе остане традиционално собиралиште за сите љубители на оваа спортска дисциплина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

