ОФИЦИЈАЛЕН СОСТАВ: Костадинов оди како десен бек, изненадувањето е Ашковски!

Дефинитивно денеска Благоја Милевски изненади со составот. Се реши на десната бековска позиција да не става класичен дефанзивец, туку Костадинов да добие „прекоманда“. Така Костадинов, кој минатиот меч играше десно крило, сега игра десен бек.

Изненадувањето, сепак, е Стефан Ашковски. Ашковски на овој меч е најавен како лево крило, но се очекува да се враќа назад и да му помага и на Алиоски во дефанзива, а дури може двајцата да се менуваат често.

Трајковски ќе му биде поддршка на Милан Ристовски во нападот. Во одбраната на стоперските позиции Муслиу и Велковски. Во средината Елмас и Барди, десно оди Чурлинов. На голот стандарно Столе Димитриевски.

Се вчитува...