ОФИЦИЈАЛЕН СОСТАВ: Милевски со најавените 11 против Исланѓаните!

Македонскиот селектор Благоја Милевски со најавените 11, без изненадувања, ќе се спротистави на Исланѓаните на одлучувачкиот натпревар за пласман во баражот за Светското првенство 2022 во Катар.

Со истиот состав како од Ерменија, со исклучок на капитенот Стефан Ристовски кој на местото на Ашковски се враќа по паузата поради жолти картони, Милевски ќе бара победа над Исланд.

Во средниот ред повторно ќе бидат Барди и Костадинов, поддржани од Елиф Елмас, а во офанзивата Трајковски, Чурлинов и Милан Ристовски.

Ќе има мали ротации на позициите на офанзивните крила, и со нешто поофанзивна тактичка варијанта Македонија во желбата да се дојде до историски бараж за место на Мундијал.

Се вчитува...