ОФИЦИЈАЛЕН СОСТАВ: Со Милан Ристовски во нападот по голови и победа во Вадуц

Македонскиот селектор Благоја Милевски го одреди составот со кој вечерва во Вадуц на „Рајнпарк“ стадионот, Македонија ќе атакува на три бода во дуелот со Лихтенштајн.

Без формациски промени, со принудни измени поради повредата на Барди, и на Муслиу, Македонија тргнува во поход кон трите бода со Димитриевски на голот.

Одбраната ќе биде составена од Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Кире Ристевски како лев стопер, и Езџјан Алиоски.

Средниот ред сочинет со Аријан Адеми и Стефан Спировски како двајца последни играчи за врска, и Елиф Елмас понапред од нив. На крилните позиции Дарко Чурлинов и Александар Трајковски и во нападот задолжен за голови Милан Ристовски.

Се вчитува...