ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Јаневски го напаѓа Реал Сосиедад со Итало, Барсегјан и Џигаури

Познати се официјалните состави за вечерашниот дуел од Лигата на Европа меѓу Вардар и Реал Сосиедад. Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, се реши за офанзивна формација, во која Бразилецот Итало ќе биде најистурен во нападот, а на крилните позиции ќе играат Тигран Барсегјан и Џамбул Џигаури. Дејан Блажевски од стартот ќе биде на клупата за резерви.

Во средниот ред ќе делуваат Хуан Фелипе како главен креатор, и Бобан Николов и Никола Глигоров. На голот е стандардно Гачевски, централни стопери се капитенот Бобан Грнчаров и Јевгениј Новак, на десната странична позиција е Хофханес Хамбарџумјан, а на левата, Дарко Глишиќ.

Реал Сосиедад ќе истрча на „Филип Втори“ со две поранешни ѕвезди на Реал Мадрид, Асиер Илјараменди и Серхио Каналес. Во нападот најистурен ќе биде Бразилецот Вилијан Жозе, а на левата крилна позиција ќе игра „дриблерот“ Микел Ојарзабал. На клупата за резерви останаа Аднан Јанузај и Карлос Вела.

sostavi vardar i sosiedad

Се вчитува...