ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ ЛШ: ПСЖ ќе напаѓа со Меси, Мпабе и Ди Марија, Анчелоти напаѓа со Бензема

Познати се официјалните состави за вечерашните натпревари во Лигата на шампионите. Тренерот на ПСЖ, Мауруцио Покетино се одлучи да го остави Нејмар на клупата, а тимот ќе напаѓа со Мбапе, Ди Марија и Меси. Ако е нешто изненадување кај ПСЖ, тоа е оставањето на клупата на Вајналдум, а игра Данило, заедно со Паредес и со Верати во средината.

Реал Мадрид, пак, ќе напаѓа со Бензема во шпицот, и Асенсио и Винициус на стреничните позиции. Модриќ, Крос и Каземиро во средината, а во одбраната Карвахал, Милитао, Алаба и Менди. Куртоа е на голот.

Покетино и Анчелоти ќе излезат во Париз со најсилните состави во моментов, кои се 100% подготвени да играат. Доколку има потреба, Нејмар ќе влезе во вториот дел. Имајќи ги во предвид составите, се очекува спектакл вечерва во главниот француски град.

Се вчитува...