ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Македонија без Пандев, Барди, Несторовски, Велковски… во првиот тим

Селекторот Игор Ангеловски, како што се очекуваше, со бројни измени во почетниот тим ќе го стартува натпреварот од 3. коло во Лигата на нациите против Естонија на гостински терен во Талин.

Покрај веќе повредените Бејтулаи, Тошевски и Адеми, и суспендираниот Висар Муслиу, кои воопшто не отпатуваа во Талин, како и првиот голман Столе Димитриевски, кој остана во изолација поради естонските здравствени закони, во почетниот состав за пресметката против Естонците ќе ги нема и Горан Пандев, Енис Барди, Илија Несторовски, Дарко Велковски кои останаа на клупата за резервни фудбалери заедно со Крсте Велкоски, Влатко Стојановски и голманот Даниел Божиновски.

Во почетниот тим на Ангеловски најистурен во нападот очекувано ќе биде Иван Тричковски, а зад него Трајковски, Хасани и Костадинов. Како последни играчи за врска Спировски и Николов, а во одбраната Алиоски, Кире Ристевски, Зајков и Стефан Ристовски пред голманот Дамјан Шишковски.

Се вчитува...