ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Македонија со сите сили во напад – со Пандев, Нестор и Тричко!

Македонскиот селектор Игор Ангеловски се одлучи максимално офанзивно да се впушти во пресметката против Грузија во 4. коло од Ц лигата на УЕФА Лига на нации.

На натпреварот кој од 20:45 часот стартува на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Македонија ќе биде со Пандев, Несторовски и Тричковски во нападот. Веднаш зад нив во средниот ред ќе бидат Ристовски, Николов, Костадинов и Алиоски.

Во одбраната ќе бидат Зајков, Велковски и Кире Ристевски, пред Столе Димитриевски на голот.

Се вчитува...