ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Македонија во формација 4-2-3-1 без Пандев

Познати официјалните состави за првиот натпревар на Македонија од новата сезона во Ц лигата на Лигата на нации кој од 15 часот го игра против Ерменија на националната арена „Тодор Проевски“.

Согласно најавите, селекторот Игор Ангеловски натпреварот ќе го стартува во формација 4-2-3-1, без капитенот Горан Пандев.

На голот ќе биде Дамјан Шишковски, како замена за отпаднатиот Столе Димитриевски, а најистурен во нападот Илија Несторовски.

Во засилениот среден ред, веднаш зад Несторовски ќе бидат Алиоски, Барди и Елмас, а со поддршка од Адеми и Николов како последни играчи за врска.

Се вчитува...