Официјални состави: Полска напаѓа само со Левандовски…Македонија со Пандев, Несторовски и со Елмас

Полска игра на домашен терен, но нема да тргне премногу офанзивно и има полн респект кон Македонија, барем ако се погледнат официјалните состави на двете селекции. Домашниот селектор се реши за само еден напаѓач, Роберт Левандовски, и Гросицки и Шимански кои ќе делуваат по крилните позиции, но не се премногу пофанзивно ориентирани.

Го нема повредениот Адеми, но селекторот Игор Ангеловски се реши да игра отворен фудбал на Националниот стадион во Варшава. Навалното трио останува исто, Пандев, Несторовски и Елмас ќе го демнат голот на Шчешни.

Еве ги официјалните состави за мечот кој стартува во 20.45 часот.

Се вчитува...