ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Селекторите на Данска и Велс без изненадувања во битката за четвртфинале на ЕВРО

Со натпреварот меѓу Велс и Данска ќе се отвори нокаут фазата од Европското првенство. Двајцата селектори излегуваат на овој меч со очекувани состави. Во Велс од минатите мечеви ќе изостанува само Етан Ампаду кој поради добиениот црвен картон на мечот против Италија не е во денешниот состав на Велс.

Од друга страна Данците со стандардните 11 ќе се обидат да се пласираат во четвртфиналето за првпат во 2004 година. Натпреварот кој ќе се игра на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам е закажан за во 18 часот.

Се вчитува...