ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Со Пандев и Трајковски во нападот, Спировски место Николов

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија

Владимир Булатовиќ

Македонската репрезентација, согласно најавите, со капитенот Горан Пандев ќе стартува во нападот против Грузија во 2. коло од Ц лигата на УЕФА Лигата на нации.

Пандев во офанзивната линија ќе има поддршка од Елмас, Барди и Трајковски, а во средниот ред ќе бидат уште и Аријан Адеми и Стефан Спировски, на местото на Бобан Николов.

Во дефанзивата очекувано Алиоски, Ристовски, Муслиу и Велковски пред голманот Дамјан Шишковски.

Се вчитува...