ОФИЦИЈАЛНО: Агим Ибраими потпиша со албанскиот Кукс

Македонскиот интернационалец Агим Ибраими е нов фудбалер на албанскиот Кукс, потврдија од клубот. Тој се обврза со албанскиот клуб во следните две сезони. Ибраими минатата сезона беше дел од тетовска Шкендија, а во кариерата настапуваше и за Марибор, Калјари, Олимпија, Нафта, Домжале, Астана и Ексишехирспор.

За репрезентацијата на Македонија Ибраими забележа 39 настапи на кои постигна седум гола.

Се вчитува...