ОФИЦИЈАЛНО: Ал Ахли на специфичен начин со „роденденска честитка“ го промовираше Џани Алиоски! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски конечна ја заврши сагата околу идната своја кариера. И официјално Алиоски продолжува во Ал Ахли, клубот од првенството на Саудиска Арабија.

Ал Ахли на спeцифичен начин, со видео порака на македонскиот репрезентативец – испратена роденденска честитка до сопственикот на клубот, Маџед Алнефаие, официјално го промовираше Алиоски како свој нов фудбалер.

„Ал Ахли фанови, Ал Ахли семејство. Ова е специјален ден за мене, специјален ден и за господинот претседател Маџед на кого му е роденден. На денот на роденденот на господин Маџед и јас сум многу, многу возбуден што и јас официјално може да кажам дека стартувам нова фудбалска авантура со Ал Ахли. Се гледаме наскоро“ – вели во пораката Алиоски.

Се вчитува...