Официјално: Алберт Риера е нов тренер на Црвена Звезда

Шпанскиот стручњак Алберт Риера и официјално е нов тренер на Црвена Звезда. Белградскиот клуб го потврди ова на социјалните мрежи.

Шпанецот го менува Дејан Станковиќ, кој по поразот и елиминацијата на Хапоел Бер Шева, си замина од функцијата. Станковиќ заврши неславно во вториот мандат на клупата на „црвено-белите“ со оглед дека после црвениот картон, ја провоцираше публиката.

Риера работеше со успех во Целје, а потоа замина во Ајнтрахт Франкфурт, но таму кратко се задржа. Риера ќе има задача да ја одбрани титулата во српскиот шампионат, и со тимот да обезбеди учество во групната фаза во Лигата на Европа, каде што белградскиот тим игра против Викторија Плзен.

Риера во својата кариера играше во големи клубови, како Ливерпул, Манчестер Сити, Олимпијакос, Галатасарај, а потоа беше асистент тренер на Галатасарај, па на Олимпија Љубљана, Целје, Бордо, повторно Целје и во Ајнтрахт Франкфурт.

Се вчитува...