Официјално: Алегри заминува од Јувентус

Масимилијано Алегри на крајот од сезоната си заминува од Јувентус по поминати пет години на клупата на италијанскиот гигант, потврдија од клубот. Алегри во Јувентус дојде во 2014 годината, откако со Милан ја освои Серија А.

Како предводник на „старата дама“ освои 11 трофеи, од кои пет во Серија А, .четири во Копа италија и два во Суперкупот. Двапати играше во финалето во Лигата на шампионите во каде беше поразен од Барселона во 2015 година и Реал Мадрид во 2017 година.

Од клубот не информираа кој ќе биде замена за Италијанецот,  а се шпекулира со имињата на легендата на клубот и актуелен селектор на Франција, Дидие Дешамп и тренерот на Тотенхем Маурисио Покетино. Следен предизвик за Алегри ќе биде ПСЖ кој најверојатно на крајот на сезоната ќе се раздели со Томас Тухел.

 

 

Се вчитува...