Официјално: Александар Ѓорѓевиќ – нов тренер на Фенербахче

Александар Ѓорѓевиќ од денеска и официјално е нов тренер на Фенербахче, откако српскиот стратег ги договори деталите за тригодишна соработка со турскиот кошаркарски гигант. Челниците на Фенербахче беа во потрага по нов тренер откако Игор Кокошков неочекувано го напушти клубот за да стане помошник на Џејсон Кид во Далас маверикс во НБА-лигата.

Ѓорѓевиќ беше прв избор на Фенер, а од целата ситуација задоволни беа и челниците на Виртус Болоња, кои бараа начин да се разделат од Србинот без да му го исплатат остатокот од договорот. За потсетување, Болоња минатата сезона го отпушти Ѓорѓевиќ, па 24 часа подоцна управата се премисли по заканите за заминување на клучните играчи, по што овој стратег се врати и ја освои титулата во Италија, демолирајќи го големиот ривал Олимпија Милано со 4-0 во финална серија.

„Фенербахче постигна договор за тригодишна соработка со Александар Ѓорѓевиќ, кој ќе биде нов шеф на нашиот стручен штаб“, објави турскиот клуб на официјалната веб-страница.

Се вчитува...