Официјално: Алиоски ја зеде „деветката“ во Лидс

Транферот што повеќе од еден месец се подготвуваше, денеска е комплетиран – Езгјан Алиоски е нов фудбалер на Лидс јунајтед. Македонскиот репрезентативец имаше извонредна сезона во дресот на Лугано и беше јасно дека ќе си замине од овој клуб, во меѓувреме доби сериозни понуди од Базел, Аталанта и од Лидс, за на крајот сепак да пресече и да се пресели на „островот“.

Станува збор за клуб кој настапува во Чемпионшип-дивизијата, но челниците на Лидс најавуваат дека со неколку квалитетни засилувања, меѓу кои е и Алиоски, сезонава ќе атакува на влез во Премиер-лигата.

lids alioski

Со задоволство можеме да го објавиме доаѓањето на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Овој 25-годишен офанзивец доаѓа од швајцарскиот прволигаш Лугано. Тој потпиша договор со нашиот клуб до 2021 година и ќе го носи дресот со број девет. Минатата сезона Алиоски настапи на 36 средби за Лугано, ритоа постигнувајќи 17 погодоци и 14 асистенции“ – се вели во информацијата на официјалната веб-страница на Лидс.

Македонскиот репрезентативец веднаш ќе се приклучи на подготовките на тимот во Австрија, а своето деби за Лидс би можел да го има веќе в недела, на пријателскиот натпревар со Инголштад.

Се вчитува...