ОФИЦИЈАЛНО: Аморим доби отказ во Манчестер јунајтед

Португалскиот стручњак Рубен Аморим повеќе не е тренер на Манчестер јунајтед, кој утрово донесе одлука да му се заблагодари за соработката.

Последната капка што ја прелеа чашата беше конфликтот со спортскиот директор на „ѓаволите“ Џејсон Вилкокс, како и непријатниот настап на прес-конференцијата по нерешениот резултат со Лидс (1-1).

Поранешниот тренер на Спортинг Лисабон пристигна на „Олд трафорд“ во ноември 2024 година, а оттогаш речиси и да нема постигнато никаков успех. Неговиот тим ја заврши претходната сезона на рекордно ниското 15. место во Премиерлигата, додека во тековната кампања се на шестата позиција.

Катастрофалниот настап во првенството можеше значително да се ублажи со трофеј во Лигата на Европа, но во борбата за пехарот, Тотенхем беше подобар (1-0). Според Атлетик, улогата на в.д. менаџер ќе ја има Дарен Флечер, за кого се очекува да го предводи тимот на гостински терен во Банли во среда.

Се вчитува...