Антонио Конте официјално е промовиран на клупата на Интер. Тоа што се денови се шпекулираше, рано утрово доби и официјална потврда.
49-годишниот италијански стратег во фудбалот се враќа по една година пауза, откако доби отказ од Челси. Конте на клупата на Интер доаѓа на местото на Лучијано Спалети кој вчера доби отказ. Под водство на Спалети „нераѕурите“ сезоната во Серија А ја завршија на четвртото место обезбедувајќи настап во Лигата на шампионите следната сезона. Сепак, раководството се одлучи на промени.
Конте од 2014 до 2016 година ја водеше и репрезентацијата на Италија, а под негово водство почна доминацијата на Јувентус во Серија А. Ја водеше „Старата дама“ до три титули од 2011 до 2014 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА