Официјално: Баерн потпиша со Чупо Мотинг

Ерик Максим Чупо Мотинг е голгетерот што Баерн Минхен го доведе како резерва за Роберт Левандовски, откако актуелниот европски првак денеска и официјално го потврди едногодишниот договор со камерунскиот напаѓач. Тој доаѓа од редовите на ПСЖ, каде постигна 14 погодоци на 49 натпревари како резерва за Единсон Кавани и Мауро Икарди.

„Среќни сме што успеавме да го донесеме Ерик. Тој ни дава дополнителна опција во нападот, има искуство од ЛШ од настапите со ПСЖ, одлично ја познава и Бундес-лигата. Згора на тоа, доаѓа како слободен играч“, изјави директорот на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

Чупо Мотинг во кариерата има настапувано за Хамбургер, Нирнберг, Мајнц и Шалке, од Германија се пресели во Англија каде го носеше дресот на Стоук, по што следеше и трансферот во ПСЖ.

Се вчитува...