Официјално: Барселона го потпиша Тодибо

Барселона денеска го официјализираше трансферот на Жан-Клер Тодибо, кој ќе пристигне на „Камп ноу“ од почетокот на наредната сезона. Станува збор за млад и суперталентиран дефанзивец кој настапуваше за Тулуз, а кој го привлече вниманието со добрите игри во дресот на овој клуб, на 19-годишна вредност добивајќи шанса и во младинската репрезентација на Франција.

Тој е слободен играч по истекот на договорот со Тулуз, за неговите услуги се интересираа и неколку англиски премиерлигаши, но Тодибо ја избра Барселона по успешните разговори со Ерик Абидал, кој сега е директор на каталонскиот гигант.

Се очекува младиот Французин наредното лето да ги мине подготовките во дресот на Барса, по што ќе биде донесена одлука за неговата иднина, дали ќе добие шанса во првиот тим, ќе настапува една година за Б-тимот на каталонскиот гигант или пак ќе биде испратен на едногодишна позајмица во друг клуб.

Се вчитува...