Официјално: Башкими го врати Јанакиевски на клупата

Македонскиот фудбалски прволигаш Башкими и официјално има нов тренер откако денеска го промовираше Блаже Јанакиевски, кој се враќа на местото на успехот. Јанакиевски беше тренер кога тимот од Куманово по долги години се врати на прволигашката сцена.

Меѓутоа неочекувано, Јанакиевски се раздели од клубот, па потоа беше назначен Муарем Муарем за тренер. Но, се случи и негово неочекувано заминување, откако тимот беше во серија без пораз.

Башкими денеска во рамките од 12. коло, загуби на гостувањето кај Арсими со 4-2. Јанакиевски својот „кам-бек“ како прв тренер во „зелено-црните“ ќе го има на 8. ноември, кога тимот игра против Работнички на домашен терен.

Се вчитува...