Официјално: Баскет КАМ и Бадел 1862 ќе ја бранат честа на Македонија на „Јадранот“

Македонската женска кошарка од следната сезона се враќа во женската конкурецинја на АБА лигата откако денеска и официјално беа потврдени најавите дека Баскет КАМ и Бадел 1862 ќе учествуваат во интернационалното натпреварување.

Освојувачот на двојната круна и нашиот најтрофеен клуб силите ќе си ги одмеруваат против клубови од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Бугарија.

Засега остнаува непознато колку клубови ќе настапуваат на „Јадранот“ следната сезона, а првичните најави се дванаесет клуба кои ќе бидат поделени во две група.

 

Се вчитува...