Официјално: Белингем е нов фудбалер на Борусија Дортмунд

Џоб Белингем, помладиот брат на англиската фудбалска ѕвезда Џуд Белингем тргна по стапките на својот брат потпишувајќи договор со Борусија Дортмунд за следните пет години.

Деветнаестгодишниот фудбалер исто како и неговиот брат потекнува од младинската школа на Бирмингем. Беше дел за сите помлади селекции, а во моментов е англиски репрезентативец до 21 година. За негов ангажман постоеше интерес и од Манчестер Сити, но по препорака на својот брат се одлучи за трансфер во германскиот гигант.

„Пресреќен сум што ќе го облечам дресот на Борусија Дортмунд и ќе се борам за трофеи со овој клуб. Ќе сторам се за да бидам успешен и да имам причини за славје со овие фантастични навивачи. Пресреќен сум и што ќе настапувам за Борусија на претстојниот клупски мундијал“, изјави Џоб Белингем, чиј трансфер ќе чини над 30 милиони евра.

Се вчитува...