Официјално: Бен Вајт е нов играч на Арсенал (ВИДЕО)

Бенџамин Вајт и официјално е нов играч на Арсенал откако „топџиите“ успеаја да го осигураат потписот на Англичанецот од Брајтон за 50 милиони евра со што 23-годишникот стана треттиот најскап фудбалер на лондонскиот клуб по Обамејанг и Николас Пепе.

„Вајт беше приоритет број еден за нас ова лето и среќен сум што успеавме да го реализираме овој трансфер. Бен во својата кариера брои настапи за два одлични клуба, Брајтон и Лидс, а тоа што можеше да го научи од одличните тренери во овие клуба можеше да се види во настапите во текот на сезоните“, изјави тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Се вчитува...