Официјално: Бензема и Реал Мадрид заедно до 2023! (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид и еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Карим Бензема ја продолжија соработката која трае од 2009 година до 2023, потврди клубот.

Францускиот голгетер за мадридскиот клуб одигра 560 натпревари на кои постигна 281 погодок во противничката мрежа, а 144 пати беше асистент до своите соиграчи.

„Реал Мадрид и Карим Бензема постигнаа договор за продолжување на соработката со кој играчот ќе остане во клубот и во следните две сезони, до 30. јуни 2023 година“, порачаа од мадридскиот клуб.

Се вчитува...