Официјално: Челси раскина со „преплатениот“ Стерлинг

Челди по долги напори конечно успеа во намерата да ја прекине соработката со Рахим Стерлинг, кој денеска и официјално го раскина договорот со лондонските „сините3.

Тој пристигна во Челси во 2022 година од редовите на Манчестер Сити во трансфер вреден 47,5 милиони фунти, но не ги оправда очекувањата на „Стемфорд бриџ“. Лани беше испратен на позајмица во Арсенал, но ниту таму не се прослави, па сезонава воопшто не ни тренираше со првиот тим на Челси.

Стерлинг беше најплатен фудбалер на „сините“ со плата од над 300.000 фунти неделно, поради што клубот инсистираше на прекин на соработката. Инаетот траеше во првиот дел од сезоната во кој Стерлинг заработи богатство само тренирајќи со млдинците на Челси, но крилниот офанзивец зимава реши да ја прифати понудата за предвремен прекин на соработката, по што сега како слободен играч ќе може да ја избере следната дестинација во кариерата.

Неколку премиерлигаши покажаа интерес да го доведат поранешниот фудбалер на Ливерпул во своите редови, исто како и италијанскиот првак Наполи.

Се вчитува...