ОФИЦИЈАЛНО: Чурлинов за пет милиони евра потпиша за Барнли, на ред е официјалната промоција!

Откако во текот на вчерашниот ден ги мина лекарските прегледи во клубот, и разрешени беа сите бирократски детали, македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов денеска стави потпис на четиригодишен договор со англискиот чемпионшиплигаш Барнли.

Трансферот на Чурлинов е комплетиран за пет милиони евра, па во наредниве часови се очекува само официјалната промоција на македонскиот крилен напаѓач во дресот на Барнли.

Германскиот новинар од „Скај Спорт Германија“, Флоријан Плетенберг, објави дека потписот со Барнли е ставен на договор до јуни 2026 година.

Согласно претходните информации, Штутгарт ќе добие вкупно 5 милиони евра, 3,5 милиони евра веднаш и уште 1,5 милиони евра преку бонуси.

Дарко Чурлинов претходно во својата кариера настапуваше и Келн, Штутгарт и Шалке 04 во Германија, сега доаѓа во Барнли како голема желба на тренерот Винсен Компани.

Се вчитува...