ОФИЦИЈАЛНО: Дени Илиев потпиша 2+2 години со Арсенал, на 25. јуни на прозивка на првиот тим на Емери!

По понудата која ја доби од раководството на Арсенал, а на инсистирање на новиот менаџер Унаи Емери, македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев и официјално потпишува двегодишен договор со „топчиите“ со можност да биде продолжен потоа на уште две до јуни 2022 година!

Ова е најголемиот трансфер на еден македонски фудбалер во историјата на една од најсилните европски лиги. 23-годишниот Илиев ќе биде првиот Македонец со професионален договор со англиски гигант како што е Арсенал!

Изминативе три дена течеа преговорите меѓу двете страни, и како што дознава ЕКИПА, денеска и дефинитивно се позитивно завршени со официјален договор.

Новиот менаџер на Арсенал, Унаи Емери категорично инсистирал на договор со Илиев кој на 25. јуни треба да се јави на првата прозивка со првиот тим на „топчиите“ во Лондон!

Се вчитува...