Официјално: Деулофеу го засили Милан

Ангажманот на Сусо од Ливерпул се покажа како полн погодок, па раководството на Милан ќе се обиде да стигне до ист резултат и кога станува збор за Жерар Деулофеу.

Шпанскиот крилен офанзивец од денеска и официјално е член на „росонерите“, откако италијанскиот клуб  се договори со Евертон за негова позајмица до крајот на сезонава. Деулофеу важи за одличен дриблер и исклучително брз фудбалер, но сезонава не беше дел од плановите на Роналд Куман, поради што менаџерот на Евертон даде зелено светло за неговото заминување од „Гудисон парк“.

За очекување е Винченцо Монтела на еден од следните натпревари да му даде шанса на новиот Шпанец да ги покаже своите квалитети, а доколку Деулофеу задоволи во следниот период, „росонерите“ по завршувањето на сезонава ќе отворат преговори за да го откупат целосно неговиот договор со „карамелите“.

Се вчитува...