Официјално: Џош Нибо е ново засилување на Милано

Американскиот кошаркар Џош Нибо кој од неодамна доби и словенечко државјанство од денеска и официјално е нов кошаркар на италијанскиот евролигаш Олимпија Милано.

Дваесетишестгодишното крило во Милано пристигна од Макаби Тел Авив каде ги помина изминатите две сезони и се наметна како еден од најдобрите на својата позиција во елитното европско кошаркарско првенство бележејќи просек од 11.2 поени и 7.1 скок изминатата сезона.

Се вчитува...