КК Пелистер и официјално го промовираше Димитар Пандев како свој нов кошаркар за новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига
„Пандев, кој е висок 208 сантиметри, може да игра како на крилната, така и на центарската позиција па за очекување е дека ќе биде од големо значење во играта под кошевите“ – информираат од КК Пелистер.
Димитар Пандев изминатата сезона ја мина во екипата на Кожув каде во просек бележеше 6 поени, 4 скока и една асистенција на натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА