Официјално: Драган Николиќ е нов тренер на МЗТ Скопје

Српскиот стратег Драган Николиќ е нов предводник на МЗТ Скопје, потврди аеродромскиот клуб. 50-годишникот доаѓа на местото на скоро заминатиот Александар Петровиќ и го очекува тешка задача да избори опстанок со македонскиот шампион во АБА.

Ова воедно е и втор ангажман на популарниот „Гаги“ во македонската кошарка откако претходно во сезоната 2016/17 седеше на клупата на Карпош Соколи. Тогаш беше на прагот да му ја одземе доминацијата на МЗТ Скопје, но во „мајсторката“ на највозбудливата финална серија во поновата историја на македонската кошарка загуби во СЦ „Јане Сандански“.

Покрај Карпош Соколи во својата кариера ги предводеше и Ушче, Младост Земун, Пролетер, Тамиш, Раднички, Металац Ваљево, Кожалин, Игокеа и Борац Бања Лука.

Се вчитува...