ОФИЦИЈАЛНО: Дубаи е нов член на АБА лигата

Нов член на АБА лигата и официјално е Дубаи. Веста ја објави АБА лигата на својата веб-страница.

Ова е проект од кој бенефит очекуваат сите партнери, не само АБА лигата, туку и сите клубови и Дубаи, но и кошарката воопшто.

„Во согласност со одлуката донесена на Собранието на АБА лигата и по усвојувањето на договорот на сопственикот, потпишан е повеќегодишен договор со Дубаи. Со ова се исполнети сите услови за спортска и деловна соработка почнувајќи од учеството на Дубаи во АБА лигата во сезоната 2024/25. При интензивна и отворена комуникација, со строго почитување на сите интерни акти на АБА-лигата, беа договорени сите детали за еден многу амбициозен спортско-деловен проект“, стои во соопштението на АБА лигата.

Се вчитува...